• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава против двајца албански државјани за предизвикување пожар во дебарско

Кривична пријава против двајца албански државјани за предизвикување пожар во дебарско
Скопје, 15 август 2021 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против двајца албански државјани за предизвикување шумски пожар во подрачјето на дебарско, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Одделението за внатрешни работи Дебар вчера до Основното јавно обвинителство Дебар поднело кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик.
-Пријавените се сомничат дека предизвикале шумски пожар за кој било пријавено дека настанал на 13.08.2021 на подрачјето на дебарско, се наведува во соопштението на МВР.фф/лв/

Остани поврзан