• четврток, 26 декември 2024

Кривична пријава против беровец за пуштање во оптек фалсификувани пари

Кривична пријава против беровец за пуштање во оптек фалсификувани пари
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против беровец за пуштање во оптек фалсификувани пари, соопшти Министерството за внатрешни работи. - ОВР Берово поднесе кривична пријава против В.Р.(57) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 30.08.2021, пријавениот пуштил во оптек лажни банкноти во апоени од 10 евра во менувачница и казино во Берово, посочуваат од МВР.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан