• понеделник, 26 август 2024

Кривична пријава за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости

Кривична пријава за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Кривична пријава против В.И.(28) од селото Полето, делчевско, поднесе Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, на 19 февруари оваа година, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три различни монети за кои по извршено вештачење и стручна идентификација било утврдено дека претставуваат културно наследство утврдено во Националната класификација на движно културно наследство.

Во домот биле пронајдени и куршуми со различен калибар, кои ги поседувал без дозвола. бт/аа/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан