• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава за кражба и обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем    

Кривична пријава за кражба и обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем    

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - ОВР Кавардаци поднесе кривична пријава против С.Н. (39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Како што денеска соопштија од МВР, на 24.07.2023 на улица „Прилепска“ во Кавадарци, од товарно возило „ивеко“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Д.С. од неготинското село Криволак, пријавениот одзел чанта со пари, дебитна банкарска картичка, лични документи и други предмети, по што истиот ден имал неуспешен обид да изврши електронска наплата со картичката.

- Исто така, на 25.07.2023 на улица „Зелен Пазар“ во Кавадарци, од патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот одзел два мобилни телефони, информираат од МВР. цр/аа/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан