• сабота, 06 декември 2025

Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар

Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар

Дебар, 21 јули 2025 (МИА) - Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница во Дебар.

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Тој, на 9 овој месец во 10:38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар. вт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан