• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава за две лица поради предизвикување пожар во Струшко

Кривична пријава за две лица поради предизвикување пожар во Струшко

Струга, 11 април 2024 (МИА) – Струшката полиција поднесе кривична пријава против две лица, жител на селото Франгово и албански државјанин, поради „предизвикување општа опасност“, соопшти денеска СВР Охрид.

Лицата, ангажирани од месната заедница на Франгово да го чистат просторот околу селото, го собрале сметот и несовесно го запалиле.

Според СВР Охрид, 50-годишниот Б.И. од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија предизвикале пожар.

- Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски. сс/ир


Фото:

Остани поврзан