• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава за вработена во ГОБ „8 Септември“, одзела картичка од пациент и си пазарела со неа

Кривична пријава за вработена во ГОБ „8 Септември“, одзела картичка од пациент и си пазарела со неа
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С. С. (53), вработена во Градската општа болница „8 Септември“.
Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.са/

Остани поврзан