• петок, 08 ноември 2024

Кривична пријава за битолчанец, при претрес кај него пронајдени дрога, муниција...

Кривична пријава за битолчанец, при претрес кај него пронајдени дрога, муниција...

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против битолчанец К.Т.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле  марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан