• сабота, 23 ноември 2024

Кремљ загрижен за истекувањата на гасоводите Северен поток еден и два

Кремљ загрижен за истекувањата на гасоводите Северен поток еден и два
Москва, 27 септември 2022 (МИА) - Кремљ е „навистина загрижен“ поради забележаните истекувања на гасоводите Северен поток еден и Северен поток два, оценувајќи дека не треба да биде исклучена ниту една претпоставка, вклучително и саботажа. - Ние навистина сме загрижени поради вестите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето дали е можно да се работи за саботажа, тој одговори дека не може да биде исклучена ниту една опција. Шведските власти денеска соопштија дека се издадени предупредувања поради два случаја на истекување на гасоводот Северен поток еден во шведските и данските води, еден ден откако  беше пријавено истекување од Северен поток два“. Во моментот и двата гасовода не се во функција, но во цевките има гас. бд/ми/

Остани поврзан