• среда, 25 декември 2024

Креативна работилница на Здружението „Т’га за југ”

Креативна работилница на Здружението „Т’га за југ”
Скопје, 28 мај 2022 (МИА) - Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” денеска ќе организира креативна работилница во атарот на црквата „Света Петка“ во селото Варвара, во соработка со градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири. Како што информираат од Здружението, во работилницата ќе се вклучат и ученици од петто до деветто одделение од Босилово, Струмица, Радовиш, Куманово, Скопје, Тетово, Теарце, Кичево, Охрид, Битола и Могила, кои преку поезија, проза, цртежи и песни ќе говорат за Илинденско востание во Егејска Македонија и за егзодусот на децата бегалци 1946-1949. -Со цел да не се заборават културата, традицијата и песните на еден народ, ги вклучивме и најмладите да учествуваат заедно со нас на денот кога се одржал првиот состанок за формирање на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во далечната 1985 година, информира  Здружението  „Т’га за југ” во кое  членуваат здруженијата од Скопје, Куманово, Штип, Радовиш, Струмица, Битола, Охрид, Кичево и Тетово. дма/хс/  

Остани поврзан