Крводарителска акција со Ротари клуб Неготино, реализирани 55 крводарувања
- Обезбедени се 55 крвни единици во денешната доброволна крводарителска акција што се реализираше во Неготино, во соработка со Ротари клуб, информираше попладнево Тошко Настов, секретар на неготинскиот Црвен крст.

Неготино, 16 мај 2024 (МИА) - Обезбедени се 55 крвни единици во денешната доброволна крводарителска акција што се реализираше во Неготино, во соработка со Ротари клуб, информираше попладнево Тошко Настов, секретар на неготинскиот Црвен крст.
- Ова е традиционална акција што по пауза од неколку години, повторно се обнови, па така Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Неготино, ја реализираше акцијата со Институтот за трансфузиона медицина на Република С. Македонија. Ова беше веќе четврта акција за овој месец на територијата на општина Неготино, но и овој пат имаше голем интерес за граѓаните да ја даруваат својата скапоцена течност, a за тоа покажува бројката од реализирани дарувања, рече Настов.
Тој и Никола Најдовски, претседател на Ротари клуб Неготино, им се заблагодарија на сите крводарители за успешно реализираната акција. свд/аа/
Фото : Црвен крст Неготино