• среда, 24 јули 2024

Крводарителска акција со припадниците на МВР и средношколците од Делчево

Крводарителска акција со припадниците на МВР и средношколците од Делчево
Делчево, 3 февруари 2022 (МИА) -  Во Делчево денеска се одржаа две крводарителски акции, на кои крводадарителите подарија вкупно 75 крвни единици. Во двете доброволни акции, како што информираше Ивана Ангеловски од Црвен крст Делчево, покрај граѓаните, учествуваа и вработени во МВР и ученици од Средното општинско училиште во Делчево.
-Во рамки на првата акцијата која во сорбаотка со Институтот за трансфузиона медицина се реализираше во просториите на Општинската организација на Црвен крст беа собрани 57 крвни единици. Во втората акција која се реализираше во просториите на Регионалниот центар за гранични работи - Исток, доброволните крводарители подарија 18 крвни единици, рече Ангеловски.
Заблагодарувајки се на дарителите за нивното учество на денешната акција, апелираше до младите кои досега ја немале таа прилика, да се вклучат во семејството на редовни крводарители на некоја од следните акции.
Следната крводарителска акција во Делчево е закажана за почетокот на месец март 2022 година. вс/вг/

Остани поврзан