• недела, 21 јули 2024

Крводарителска акција во СВР Куманово

Крводарителска акција во СВР Куманово

Куманово, 5 март 2024 (МИА) - Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на првата за тековната година, редовна крводарителска акција која се одржува во просториите на кумановската полиција, а ја организира СВР Куманово, во соработка со општинската организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

-Согласно годишниот план на МВР за 2023 година, денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово, во која се собрани 35 крвни единици, информираа од СВР Куманово.

Оваа крводарителска акција е прва по ред од предвидените три за 2024 година, согласно годишниот план на МВР.

Акциите во кумановската полиција се одржуваат три пати годишно, наредните закажани се во јуни и октомври. ам/сст/


Фото: СВР Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан