• недела, 24 ноември 2024

Крводарителска акција во Росоман

Крводарителска акција во Росоман

Росоман, 8 февруари 2024 (МИА) – Крводарителска доброволна акција се реализираше денеска во просториите на Општина Росоман, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци.

Реализацијата беше на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

– Крводарителската акција се спроведе успешно при што беа дарувани 19 единици крв. Упатуваме голема благодарност до сите крводарители од Општина Росоман кои ја покажаа својата хуманост на дело, рекоа од Црвен крст Кавадарци, нагласувајќи дека општинската организација што ги покрива општините Кавадарци и Росоман, е на врвот на државно ниво, по остварени крводарувања.

Оттаму се осврнаа и на бројните други успешни проекти, меѓу кои секако и тие, што ги вклучуваат младите волонтери хуманитарци. свд/ир

Фото: Црвен крст Кавадарци

Остани поврзан