Кралот Чарлс Трети ја откажа посетата на Ватикан поради здравствената состојба на папата Франциск
- Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила, ја откажаа државната посета на Ватикан, соопшти Бакингемската палата.

Лондон, 25 март 2025 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила, ја откажаа државната посета на Ватикан, соопшти Бакингемската палата.
Посетата е откажана поради Кралот Чарлс Трети ја откажа посетата на Ватикан поради здравствената состојба на папата Франциск, на кого лекарите му препорачаа долг период на опоравување.
Папата беше примен во болницата Гемели во Рим со бронхопневмонија на 14 февруари и остана таму пет недели. Тој беше отпуштен од болница во неделата. паг/
Фото: МИА архива