• сабота, 23 ноември 2024

Кралицата Елизабета и принцот Филип ја примија вакцината против Ковид-19

Кралицата Елизабета и принцот Филип ја примија вакцината против Ковид-19
Лондон, 9 јануари 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примија вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Бакингемската палата. Кралската куќа, која ретко открива детали за здравствената состојба на кралската двојка, соопшти дека кралицата одлучила информацијата да биде објавена за да се спречат можните шпекулации и неточни информации, пренесува Би-Би-Си. Извор близок до кралското семејство потврдил дека вакцината им била дадена на кралицата и принцот Филип од матичен лекар во замокот Виндзор. Во Велика Британија досега 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус. паг/

Остани поврзан