• среда, 25 декември 2024

Кој „победи“ на претседателската дебата Трамп-Харис? Што велат набљудувачите?

Кој „победи“ на претседателската дебата Трамп-Харис? Што велат набљудувачите?

12 септември 2024 

Ал Џазира 

 

Поддржувачите на Трамп добија многу „месо“, но Харис заработи вредна поддршка од Тејлор Свифт. И двајцата оставија некои и разочарани.

За време на првата претседателска дебата, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис меѓусебно се обвинија дека поттикнуваат поделба во Америка.

Кандидатите брзо почнаа да дебатираат за спорни прашања, од миграција до израелската војна во Газа и немаше негодувања ниту громогласни аплаузи додека тие зборуваа бидејќи немаше публика во живо во Националниот уставен центар (НЦЦ) во Филаделфија, Пенсилванија.

Меѓутоа, низ целата земја, милиони Американци ја следеа дебатата од нивните дневни соби или од забавите во баровите и клубовите, додека надвор од официјалното место за дебата во Филаделфија, демонстрантите бараа Харис да го заслужи нивниот глас со прекин на огнот во Газа.

Ал Џезира разговараше со политичките набљудувачи од целата земја за тоа кои се најголемите победници и губитници, а анкетите пред дебатата ги ставија демократката Харис и републиканецот Трамп рамо до рамо во трката.

Барбара Пери, претседателска историчарка на Универзитетот во Вирџинија:

Пери рече: „На поддржувачите на Трамп им беше дадено многу месо за да се нахранат“.

„Потпретседателката понуди јасен контраст помеѓу спецификите на нејзината идна политика во споредба со минатото на Трамп, со кое тој е опседнат“.

„Камала Харис требаше да им даде добра причина на неопределените, умерени гласачи во „свинг“ државите да гласаат за неа“.

„Во најмала рака таа не ги одби тие гласачи да гласаат или да направи некакви дисквалификациски гафови. Таа доби поддршка од Тејлор Свифт“, рече Пери, осврнувајќи се на изјавата на поп-ѕвездата веднаш по дебатата, во која таа рече дека ќе гласа за Харис во ноември.

Мишел Остин Пејмис, хаитско-американска лидерка и правничка од Јужна Флорида:

Пејмис рече дека е добро што е разоткриена „грдоста“ на републиканските тврдења за мигрантите од Хаити.

„Јасно е дека поранешниот претседател сака да ја промовира оваа идеја дека во Спрингфилд, Охајо, мигрантите јадат домашни миленици“, рече таа, мислејќи на коментарот што Трамп го даде за имигрантите од Хаити за време на дебатата.

„Мислам дека беше добро што се разговараше на претседателската дебата и оваа грдост треба да се запамети“.

„Тоа беше најодвратното нешто што можеше да се каже“.

„Го ценев фактот што модераторот јасно кажа дека тоа не е факт, дека градскиот управник изјави дека нема веродостоен извештај за тие случаи“.

Рим Абуелхај, портпаролка на „Нема прекин на огнот, нема гласови во Пенсилванија“

Абуелхај рече дека демонстрантите пред местото на дебатата главно „велат дека не можат да гласаат за кандидат кој активно го поддржува геноцидот“.

„Потпретседателката Харис беше сосема јасна во претходните изјави, како и вечерва, дека ќе ја продолжи политиката на Бајден за безусловна воена и финансиска поддршка за израелската војна против Газа“.

„Вечерва беше јасно дека има гнев и тага низ градот Филаделфија и низ државата Пенсилванија бидејќи геноцидот е во тек и Соединетите Американски Држави продолжуваат да го финансираат геноцидот“.

Џон Фиери, републикански стратег:

Фиери рече дека модераторите биле „очигледно повеќе фокусирани на проверка на фактите на Трамп“ и „навистина не ги провериле фактите на Камала Харис, која имаше низа невистини во текот на целата дебата“.

„Мислам дека кога станува збор за стилот, предност и давам на Харис“.

„Мислам дека на почетокот беше нервозна, но се чинеше дека подоцна фати чекор, а после тоа беше како двете страни само да се напаѓаат една со друга“.

„Не сум сигурен дали тоа е она што го сакаат гласачите. Мислам дека сакаат подобар план за подобрување на економијата, мислам дека тоа им е најважнот“.

Кели Дитмар, директорка за истражување во Центарот за американски жени и политика, Универзитетот Рутгерс-Камден:

Дитмар рече дека „Трамп одби да ја погледне Харис, што може да се толкува различно меѓу различни групи гласачи, но исто така лесно може да се толкува и како омаловажување на начин што не им одговара на жените“.

„Харис често гледаше и зборуваше гледајчи директно во Трамп, покажувајќи дека не се плаши од директна конфронтација“.

„Додека некои ќе ја критикуваат за нејзините емотивни изрази на лицето, други ќе ги гледаат нејзините јасни изрази на збунетост и загриженост поради изјавите на Трамп како одраз на своите сопствени емоции за време на дебатата“.

Арон Кал, директор на дебата на Универзитетот во Мичиген:

Кал рече дека дебатата во вторникот била „непрепознатлива“ од „она што бевме сведоци во Атланта пред неколку месеци“, мислејќи на јунската дебата меѓу Трамп и претседателот Џо Бајден, кој подоцна се откажа од трката.

Кал предупреди дека не треба да се потпираме премногу на влијанието на дебатата врз изборите во ноември.

„Иако Харис победи во дебатата со мала предност, останува нејасно дали тоа ќе влијае на целокупниот тек на трката и дали ќе доведе до какво било придвижување кај неопределените гласачи“.

Шенон Смит, извршна директорка за FracTracker Алијансата, од Питсбург, Пенсилванија:

Смит рече дека дебатата покажала дека сè уште има недостиг на политичка волја од двете страни за решавање на ефектите од фракингот врз животната средина и здравјето.

„Живеејќи во една од државите со највисоко производство на гас од фракинг, Пенсилванците издржаа години на зголемена активност на фракинг без политичкото раководство да донесе разумни заштитни мерки“.

„Вечерашната дебата покажа дека недостига политичка волја, без разлика на тоа со која политичка партија се поврзувате“.

„Изобилството рецензирани истражувања покажуваат дека фракингот не може да се направи без негативни влијанија врз луѓето, животната средина и климата.

„Влијанијата врз животната средина и климата не познаваат политички граници“.

„Ни треба лидерство кое ќе даде приоритет на јавното здравје и безбедност и ќе излезе со разумна енергетска политика“. паг/

 

 

 

Остани поврзан