• сабота, 23 ноември 2024

Коциќ: СДСМ вложува во човечкиот капитал, вработувања на 1.117 лица во здравствените установи

Коциќ: СДСМ вложува во човечкиот капитал, вработувања на 1.117 лица во здравствените установи

Скопје, 30 декември 2023

Со одлука на владата предводена од СДСМ одобрено е вработување на вкупно 1.117 лица во јавните здравствени установи во земјата, на неопределено време.

Ова се важни работни места, на приоритетен  здравствен кадар за целиот здравствен систем и за подобрување на состојбите во македонското здравство.

Инвестирањето во човечкиот капитал, во луѓето е наша политика но и нашата најголема вредност.

Сите оние млади доктори кои што работат во моментов под договор ќе можат да го продолжат свое работење во јавните здравствени установи и да го надополнат својот, меѓутоа и здравствениот капацитет на државата.

Овие одлуки се континуитет на одлуките во здравството, а со кои се подобруваат условите за здравствените работници, бидејќи задоволни здравствени работници значи и задоволни пациенти.

Тука секако спаѓаат и политиките на СДСМ за покачување на платите, усовршувањето на здравствените работници и капиталните проекти со кои се подобрени условите во здравството.

Вложивме во достоинството на лекарите и медицинскиот персонал.

Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу до 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти.

Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства.

На специјализантите овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.

Оваа година во октомври е потпишана Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници во јавните устнови.

Со СДСМ докторите, сестрите, здравствените работници, сите добиваат повеќе.

Со СДСМ има повеќе за сите.

 

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан