Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19
- Вкупно 28 пациенти заболени од коронавирус досега биле примени во Градската општа боница „8 Септември“, која од 22 март официјално со одредба на Владата и на Министерството за здравство е офи
Скопје, 15 април 2020 (МИА) - Вкупно 28 пациенти заболени од коронавирус досега биле примени во Градската општа боница „8 Септември“, која од 22 март официјално со одредба на Владата и на Министерството за здравство е официјален тријажен центар за пациенти со Ковид 19 во земјава, Од таа бројка, тројца пациенти починале, а една 26-годишна пациентка е излекувана, изјави вечерва директорот на Градската општа болница, Христијан Костов.
Во гостување во емсијата Топ тема на ТВ Телма Костов рече дека е ивршена реорганизација во болницата и дека капацитетот се проширува согласно бројот на пациенти кои ќе се јават во Тријажниот центар,а кои доаѓаат од целата држава.
- Почнавме со една третина, а сега околу 70 отсто од капацитетот на болницата е во служба на оваа болест. Што се оденсува за интензивното лекување во моментот имаме 15 респиратори, имаме шест пациенти кои се позитивни и се на респираторни машини, меѓутоа во интензивниот карантински дел кој е одвоен за пациентите позитивни на коронавирусот има вкупно 16 места каде би можело да се постават респиратори. Во болницата има вкупно 50 такви места со довод на кислород каде би можел да се постави респиратор. Сега за сега еден мал дел од капацитетит е искористен, вели Костов.
Сега за сега, вели, немаат потреба од поголем број респиратори, но се во корелација со МЗ и дококу има потреба веднаш би се донеле.
Во однос на персоналот на одделот за интензивна нега појасни дека се направени неколку групи од персоналот на интензивна нега на одделите за хирургија,, интерна и на неврологија кои доаѓаат во смени и работат според протоколите, а секое медицинско лице си носи соодветна заштитна опрема согласно протоколите на СЗО.
- Ние ги имаме протоколите според СЗО и МЗ и точно се знае кој од медицинскиот персонакл во кој дел и каква опрема носи. Во тријажниот оддел е едно ниво на заштитна опрема, во колку е оддел каде се ниско суспектни со лесна клиничка слика тие се со друга заштитна опрема и еден дел кои се кај позитивните од коронавирусот тие се со највисоко ниво на заштитна опрема, подвлекува директорот на болницата.
Во однос на опремата, тој посочува дека сега се добро снабдени со заштитна опрема, нешто добиле на тендерска процедура, дел од МЗ кое има залихи, но и од приватни фирми и поединци кои им донираат таква опрема.
Инаку, од персоналот досега имаат позитивни на Ковоид една медицинка сестра и еден болничар, кои се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување
Како тријажен центар кој прима пацинети од цела држава кои се итни случаи, доколку е потребна каква било хируршка или медицинска интервенција, а најчесто се, вели Костов, инфаркти, и ако станува збор за лица од суспектни подрачја, тогаш лицето го третираат како да е позитивно на корона, ја извршуваат интервенцијата и потоа му се зема брис резултатите ги добиваат за 12 до 24 часа, бидејќи имаат предност при изработката на тестовите во ИЈЗ и ЦЈЗ. вг/сп/