• петок, 08 ноември 2024

Костовски: Џафери не го прекрши Деловникот кога го одложи гласањето за потребата за уставни измени

Костовски: Џафери не го прекрши Деловникот кога го одложи гласањето за потребата за уставни измени

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери постапил во согласност со Деловникот и со неговите ингеренции кога по исцрпувањето на листата на говорници го одложи гласањето за потребата за уставни измени, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

Пратеникот Костовски рече дека не се согласува со обвинувањата на пратенциците од ВМРО-ДПМНЕ дека Џафери постапил неделовнички.  

-Не се согласувам дека е злоупотребено. Во Собранието има архиви, архивски снимки и стенограми за тоа како работело досега Собранието. И во претходните состави со претходни претседатели на Собранието, не само во времето на Талат Џафери. Напротив, претседателот Џафери кога се исцрпи листата на говорници... многу пати досега „кога ќе се створи услови за гласање ќе бидете дополнително известени“. Тоа беше уште еднаш кажано. Се повикуваат на самиот Деловник. Јас ви тврдам дека претседателот Џафери во согласност со неговите ингеренции, во согласност со Деловникот постапи како многу пати прагматично, како што имаат постапено и тој и неговите претходници на претседателското сточе во Собранието, изјави на прес-конференција во Собранието Костовски.  ев/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан