• сабота, 23 ноември 2024

Костовски: ДПМНЕ прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога

Костовски: ДПМНЕ прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога

12 декември 2023

Почитувани граѓани,

Нов ден нов скандал со дрога поврзан со криминалната ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски е во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија со дрога и оружје.

Еве ја таа фотографија.

ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога.

Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани.

Мицкоски го видовме во друштво како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.

Мицкоски е опкружен со радикали,  лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје.

ДПМНЕ повеќе не е политичка партија, туку прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога.

Тие се опасност за сите особено за најмладите.

Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани.

ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно.

Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски. Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира.

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори какви услуги користи од нив?

Мицкоски со денови не кажува ни какви биле односите и за што разговарал на состаноците со Палевски. Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните.

Прес- конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

_______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан