• сабота, 23 ноември 2024

Коста може да ja продолжи кариерата во Арсенал

Коста може да ja продолжи кариерата во Арсенал
Лондон, 29 декември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да продолжи со кариерата во Премиер лигата. Според шпански „АС“ Арсенал е заинтересиран за 32-годишниот фудбалер, кој може да договори трансфер бесплатно. Беше објавено дека напаѓачот сака да го напушти шпанскиот клуб по своја волја и да продолжи да игра во Англија. Коста играше во Премиер лигата за Челси од 2014 до 2017 година. За играчот се заинтересирани и клубови од Кина. Оваа сезона, Шпанецот постигна два гола на седум натпревари од лигата. Неговиот договор со Атлетико трае до 30 јуни 2021 година. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 10 милиони евра. зс/

Остани поврзан