• четврток, 07 ноември 2024

Костадинов: Мицкоски е против интеграцијата, напредокот и успехот на државата

Костадинов: Мицкоски е против интеграцијата, напредокот и успехот на државата
Скопје, 7 март 2020
Само извршителот Христијан Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ се против интеграцијата, против напредокот и успехот на државата.
До толку Мицкоски е против сопствената држава што и најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести.
Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, ти се заглавени во матрицата на лажни вести.
Се потврдува секој ден, извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и враќање назад, СДСМ е за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред.
Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и Зоран Заев.
Благодарение токму на тие политики, денес сме чекор поблиску до одлука за почеток на преговори со Унијата.
Докажавме дека со СДСМ и Зоран Заев, НАТО и Европската унија се реалност.
На овие избори ќе се судрат два целосно спротивни концепти.
Од една страна концептот на извршителот Мицкоски за враќање назад, односно концептот на минатото и овој на СДСМ за продолжување напред, односно концептот за иднината.
СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме.
Продолжуваме уште посилни и похрабри по победата на 12 април. Заедно со граѓаните одиме напред, одиме кон ЕУ! 

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан