• недела, 10 ноември 2024

Костадинов со делегација од Струмица присуствуваа на одбележувањето на „Свети 15 свештонамаченици“ во Кукуш, Грција

Костадинов со делегација од Струмица присуствуваа на одбележувањето на „Свети 15 свештонамаченици“ во Кукуш, Грција

Струмица, 28 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска присуствуваше на одбележувањето на празникот „Свети 15 свештеномаченици“ во Кукуш, Грција, каде овој празник се празнува на денешен ден според Грегоријанскиот календар.

 - На покана на градоначалникот Димитрис Киријакидис, со делегација од мои соработници и советници, присуствувавме на утринската црковна литургија и литија на која присуствуваше и нашиот митрополит Наум и верници, мои сограѓанки и сограѓани од Струмица. По утринската богослужба имав средба со градоначалникот Киријакидис на којашто разменивме нови идеи за продлабочување на соработката меѓу двете општини, објави Костадинов на својот Фејсбук профил.

Тој ги поканил пријателите од Кукуш во возвратна посета за празникот на Струмица, „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“, кој се одбележува на 11 декември.

Црква која го носи името „Светите петнаесет“ постои и во Струмица и во Кукуш, а раката на еден од свештениците, Петар, се наоѓа во специјално депо во црквата во Кукуш, која заедно со оригинална икона на светците била однесена во сегашната грчка црква по Балканските војни во 1913 година. рт/сан/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан