• среда, 27 ноември 2024

Костадинов: Социјалната населба е најголемиот капитален проект и од финансиски и од социјален аспект за Струмица

Костадинов: Социјалната населба е најголемиот капитален проект и од финансиски и од социјален аспект за Струмица

Струмица, 13 мај 2024 (МИА) - При крај се градежните работи од првата фаза во Социјалната населба која е најголем капитален проект за Струмица и од финансиски и од социјален аспект, информираше денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со соработниците и членови на Советот изврши увид во досегашната и тековната реализација на градежните активности.

Според Костадинов, со донесената тешка и храбра одлука конечно ќе се дислоцираат дивоградбите од долното и горното Турско маало, а локацијата во горното Турско маало било соодветно за сите 118 куќи.

-Гледаме дека првата фаза е при крај во којашто имаме поставено фекална и атмосферска канализација. Денеска се работи на поставување на првиот слој асфалт и се надевам дека деновиве ќе завршиме и со вториот слој асфалт за комплетно да биде решена патната инфраструктура. Од едната страна на улицата е поставено и уличното осветлување. Заради транспарентното работење вреди да се спомне дека оваа фаза чини 100 милиони денари кои ги обезбедивме преку Владата, а за втората фаза имаме распишано јавна набавка за избор на проектант и очекувам дека деновиве ќе имаме избор и ќе почнеме со проектирање. Станува збор за куќите коишто ќе бидат изградени овде и потоа следува третата најважна фаза селидба или дислокација на долното Турско маало, изјави Костадинов.

Тој им порача на граѓаните да бидат трпеливи бидејќи тука ќе имаат достоинствени домови и затоа очекува поддршка од целото население, затоа што, според него, ова е навистина огромен потфат не само за Турското маало, туку и за цела Струмица. рт/мд/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан