• вторник, 24 декември 2024

Костадинов на увид во градежните работи во Турското маало во Струмица

Костадинов на увид во градежните работи во Турското маало во Струмица

Струмица, 19 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска изврши увид во градежните активности во Турското маало и на урнувањето и расчистувањето на теренот во поранешната запуштена и узурпирана болница во тој дел на градот.

Според него, активностите за урнување на старите објекти и расчистувањето на теренот е завршено и според планираното на почетокот на септември треба да почне изградбата на паркинг и спортско игралиште.

-За овој простор имаме проектна документација и со ребалансот на буџетот ќе издвоиме околу 6 милиони денари за изградба на паркинг и спортско игралиште. На барање на Црквата „Свети петнаесет“ и на Џамијата планираме и паркинг за автобуси, бидејќи имаме огромен број на посетитили на овие објекти, истакна Костадинов.

Тој одговори и на обвинувањата од опозицијата зошто се инвестира во Турското маало.

-Нема никој да ме премисли во однос на изнвестициите, затоа што искрено верувам во мулти етничкиот карактер на Општина Струмица и силно верувам во мојата визија дека Струмица треба да биде град со еднакви можности за сите, подвлече струмичкиот градоначалник.

Тој изврши увид и на асфалтирањето на улицата „Славчо Стојменски“ на потегот од Црквата “Свети петнаесет Тивериополски свештено маченици“ до СОУ „Никола Карев“. Таму комплетно се реконструира површина опд 730 метри квадртани на која се отстранува стариот асфалтен слој и оштетениот тампонски материјал, а че бидат заменети и дотраените рабници на улицата.

За овој зафат од општинската каса се издвоени 2 милиони денари, а покрај овие Костадинов најави и други во Турското маало како што се бетонирање на џебови и асфалтирање на улицата „Бетовенова“. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан