• сабота, 23 ноември 2024

Костадинов на Летен камп на СДММ: Ослободете се од стегите и борете се за своето место во општеството

Костадинов на Летен камп на СДММ: Ослободете се од стегите и борете се за своето место во општеството
Скопје, 8 јули 2022 Младите се силата на заедницата и енергенсот кој поттикнува напредок. Тие вклучуваат, ја гарантираат праведноста и ги поттикнуваат позитивните промени во сопствената заедница, порача денес потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на сесијата "Преку младински активизам до нови лидери" на летниот камп на СДММ во Охрид. Пред присутните тој го потенцираше значењето на младинската будност, посветеноста кон идеалот во кој веруваат и желбата да напредуваат, како индивидуи. Ги повика да излезат од зоната на комфор, да се ослободат од стравовите и да се борат за сопственото место во општеството.   "СДММ е потенцијалот на нашето општество, кој го трасира патот кон развој и европски вредности дома", порача Костадинов. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан