• среда, 25 декември 2024

Костадинов на конференција во Тирана го презентираше проектот „Струмица - паметен велоград“

Костадинов на конференција во Тирана го презентираше проектот „Струмица - паметен велоград“
Струмица, 21 септември 2022 (МИА) - На последниот ден од Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, која се одржува во Тирана, на иницијатива на Американската Администрација поддржана од „AmCham“ Албанија и Американската Амбасада, градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов го презентираше проектот „Струмица-паметен вело град“, кој од пред неколку денови почна да се реализира. Како што соопштија од Општина Струмица, Костадинов го презентирал проектот, како и проектите и активностите кои Општината ги спроведува од областа на енергетската ефикасност. Покрај тоа, на конференцијата во Тирана биле размениле искуства на авторитетите од државите и претставниците на приватниот сектор, а се дискутирало за можностите и потенцијалите за развој на градовите од регионот како „паметни градови“, преку имплементација на иновативни решенија од различни области со цел за зголемена имплементација на безбедни, зелени паметни решенија и унапредување на квалитетот на живеење. Во Тирана, Албанија, како дел од конференцијата, учествуваа претставници на водечки технолошки компании и градоначалници од Западен Балкан, кои дискутираа на теми од областа на енергетиката, екологијата, урбаниот развој, дигитализацијата, можностите за финансирање на капитални проекти и воспоставување на соработка помеѓу „паметните“ градови. рт/мс/

Остани поврзан