• сабота, 23 ноември 2024

Костадинов најавува еколошки јавен превоз во Струмица

Костадинов најавува еколошки јавен превоз во Струмица
Струмица, 21 октомври 2022 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов најави организирање еколошки јавен превоз во Општината, а предлогот ќе го презентира пред граѓаните преку форумите на заедниците и пред општинскиот Совет. Ова тој го објави на својот Фејсбук профил, каде напиша дека во оваа криза на Струмица повеќе од потребен и е јавен превоз, кој ќе биде еколошки и во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ и европскиот Зелен договор. - Мојата визија за Струмица е да биде првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз, кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за значително помали цени, движење низ градот, намалување на сообраќајниот метеж, решавање трајно на проблемот со дивите таксисти. За таа цел веќе ги правиме потребните анализи и истражувања кои би помогнале во имплементацијата, напиша струмичкиот градоначалник. Инаку, на почетокот на овој месец во Струмица беше промовиран електричниот автобус на „Аутомакедонија“, во рамки на промотивната тура низ повеќе градови во државата. рт/сх/

Остани поврзан