• понеделник, 23 декември 2024

Костадиновска: Да се надминат разликите и да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала

Костадиновска: Да се надминат разликите и да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Универзална сала веќе седум години е вон функција. Како објект што го претставува срцето на Скопје, треба да се надминат многу разлики и да се продолжи со проектот кој е веќе е постоен и одобрен за да може реконструкцијата на Универзалана сала да се одвива во најбрз можен рок, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.   Таа посочи дека реконструкцијата на овој објект во 2020 година е финансирана со средства од државниот буџет. Информира дека денеска се одлучила да ги покани градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, претставници на најрелевантните инститиции вклучени во овој проект, како Асоцијација на архитеркти, Комора на архитекти и самата фирма што го изработила овој проект, претставници од стручната фела како најповикани за да се разјаснат недоразбирањата шти излегоа во јавноста за проектот за реконструкција на Универзална сала. Градоначалничката Арсовска изјави дека проектот Универзална сала продолжува, но, како што рече, не со онаа документација која е небезбедна за скопјани и која не може да ја гарантира нивната сигурност во оваа фаза. Таа додаде дека треба да се седне и да се разговара на маса, заедно со сите инволвирани во проектот. - На ваков начин шоу не се прави затоа што треба да си ги знаеме надлежностите. Асоцијацијата на архитекти вчера излезе со еден памфлет напишан од страна на СДСМ, како да ја застапува фелата. Алудирам на Мишко Ралев, професор и декан на Факултетот за архитектура и дизајн, кој всушност е член на Извршниот одбор на СДСМ, изјави Арсовска. Констатирано е, како што рече таа, од претходното градско раководство дека ова во овој момент што го имаме како техничка документација и проект не е безбедно и сигурно затоа што немало претходно ивршено анализа на постојниот објект, да се знае дали тоа што што е ставено во тој проект е реално и одржливо. Арсовска образложи дека е констатирано оти проектот не ја отсликува реалната состојба на терен и дека не може да  продолжи. Таа посочи дека вчера на седница на Советот на Град Скопје поранешната претседателка на Советот, а сега актуелна советничка Љубица Јанчева самата кажала оти откриле недостатоци во проектот. - Да, проект Универзална сала ќе има, меѓутоа не небезбеден, односно проект според сите стандаради, како што треба да биде за да ја гарантира безбедноста на граѓаните, изјави Арсовска, која ги повика сите што сметаат дека доколку ова сега што е во моментот може да помине без корекција, да дојдат во Град Скопје и дадат изјави. Претседателката на Собранието на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Искра Јанковска Михајловска на прес-конференцијата напомена дека како архитекти при вакви реконструкции се соочуваат со измени во градба, но дека постојат процедури со ревизии од одговорни лица каде што истите се потврдуваат. Во однос на обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека објектот е небезбеден, Јанковска Михајлоовска посочи дека кога некој ќе каже оти нешто е небезбедно треба да излезе со факти и да објасни зошто е небезбедно. Таа напомена дека сега не е завршен, но кога ќе биде завршен објектот, истиот ќе биде безбеден. - Објектот не е завршен. Ќе се преправат преправки, ќе се направат нови ситуации и објектот ќе се заврши безбедно, за да се користат граѓаните. Нема зошто да коментираме ништо на незавршен објект, рече Јанковска Михајловска. Ралев, пак, од својот мобилен телефот го прочита, како што ги нарече, „нашиот коментар на се ова што се случува“, кој е објавен и на Фејсбук страната на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектот Бујар Муча од архитектонското биро „Мегарон Инженеринг“ информира за дел од проблемите кои произлегле, по што било направено испитување на материјалите, го препроектирале сето тоа и добиле позитивно мислење на измените во тек на градба од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Тој тврди дека се е исправно и оти Град Скопје има се. бт/мд/

Остани поврзан