• вторник, 24 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Формирањето Национална установа НКС „Десет дена Крушевска Република“ ги подигнува активностите на повисоко национално ниво

Костадиновска-Стојчевска: Формирањето Национална установа НКС „Десет дена Крушевска Република“ ги подигнува активностите на повисоко национално ниво

Крушево, 25 декември 2023 (МИА) - Наскоро ќе почне и ефективно да функционира новата национална установа НКС „Десет дена Крушевска Република“ со што по повеќе децении здружението НКС „Десет дена Крушевска Република“ прераснува во национална установа, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при денешната посета на Крушево. Седиштето на Установата ќе биде во Историски музеј - Крушево.

- Од 60-тите години на минатиот век, преку Закон, оваа значајна манифестација функционираше како здружение. Сметавме дека е вистински момент при одбележувањето на 120 години од Илинденското востание,  здружението да прерасне во Национална установа која ќе се грижи секоја година достојно да го одбележува големиот национален празник.  Установата ќе биде сместена во „Историски музеј-Крушево“, изјави министерката за култура.

Административното формирање, како што рече, сѐ уште не е завршено.

- Кога ќе се дооформи, ќе почне да функционира, што не значи дека сега ќе бидат спречени да користат помош, субвенции од Министерството за култура или од кој било друг извор на финансирање. Формирањето на Национална установа сега добива едно повисоко ниво на национална грижа, како Охридско лето, Струшките вечери на поезијата и новата Установа што ја формиравме - Смилевски конгрес. Даваме повисокио значење и грижа на државата за сите активности во рамките на Националната установа НКЦ „Десет дена Крушевска Република“ бидејќи Установата ја промовиравме за 2 август 2023 година, очекувам по празниците, до крјот на јануари Установата административно да профункционира, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Крушево е гордо што одбележувањето на еден од најголемите национални празници и сите настани поврзани со него преку формирањето на Националната установа НКС „Десет дена крушевска Република“ се подигнува на повисоко национално ниво.

- Соодветно Националната установа ќе биде заедно со Историски музеј- Крушево и сето што го планираме како програма ќе добие повисоко ниво на национален третман што е соодветно на националниот празник - 2 Август, рече Томе Христоски, градоначалник на Куршево. ем/мд/

фото: МИА

 

Остани поврзан