• понеделник, 23 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Простување и разбирањето еден со друг е пат кој води кон напредок и благосостојба

Костадиновска-Стојчевска: Простување и разбирањето еден со друг е пат кој води кон напредок и благосостојба
Скопје, 26 февруари 2023 (МИА) - Простувањето, трпението, почитта и разбирањето еден со друг е пат кој води кон напредок и благосостојба.
 
Со практикување на вистинските вредности, по патот на љубовта, помирени, заедно да го градиме македонското општество врз темелите на демократијата и европските стандарди, за среќен и достоинствен живот на сите граѓани, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по повод празникот Велики поклади-Прочка.
 
Министерката на православните верници го честита денешниот празник, со желба во добро здравје, семејна хармонија и спокој да ги поминете Велигденските пости.
 
-Прочка е ден за покајување, помирување и враќање на мирот во душата. „Прости, и ќе ти биде простено“. За многу години, пишува Костадиновска-Стојчевска на Фејсбук.бт/аа/

Остани поврзан