• среда, 25 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Пропустите со исплата на јануарските плати ги исправивме

Костадиновска-Стојчевска: Пропустите со исплата на јануарските плати ги исправивме
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Соработката меѓу Министерството за култура и Синдикатот за култура мора да биде на високо ниво, бидејќи сепак мора да функционираме непречено и мораме да ги сослушаме сите, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која се надева дека на утрешниот состанок со Синдикатот ќе се изнајде најсоодветното решение онаму каде имало пропуст во толкување на тоа што подразбира Законот за недела неработен ден. Таа се надева и дека ќе се постапи најсоодветно за да нема застој во работењето на институциите кои се опфатени со Закон, но сепак, како што рече, да се задржи концептот дека недела е ден за семејството. Во однос на донцењето со исплатите на платите за дел од културните институции, Костадиновска-Стојчевска посочи дека точно е оти како Министерство се доцнело со некои решенија кои требало да бидат добиени од другите референтни министерства, но, дополни дека работат на добивање на позитивен одговор од останатите министерства. - Во две фази се одвиваше исплатата на платите, едни беа оние кои веќе се исплатија, другите се што во најкус можен рок ќе се исплатат токму заради тие пресмети за недела неработен ден. Исто и со договорците знам дека имаше доцнење, може тоа беше малку од административен карактер, но ве уверувам дека се е потпишано препратено до соодветните институции, и во најбрз можен рок нивните договори, мислам дека и во петокот веќе се постапи во потпишување на договорите, но сите тие пропусти ги исправивме, рече Костадиновска Стојчевска при денешната посета на основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир. мс/са/  

Остани поврзан