• среда, 27 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска: По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала

Костадиновска-Стојчевска: По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од МВР, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот.

- Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека по завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и таа ќе биде вратена на скопјани, рече министерката, додавајќи дека она што се случи со Универзална сала, за жал, е една поразителна слика за сите.

Таа изрази жалење за настанатата ситуација оти, како што рече, и како министерка за култура и како Министерство, поминале двегодишен процес на убедување со Град Скопје за градската управа да ја препознае важноста на објектот, да не биде оставен на забот на времето, да не ги претрпи атмосферските промени што ги претрпе.

- Она што го предвидовме преку Информацијата на Влада, е дека финализацијата на реновирањето на објектот е крајот на 2027 година. Меѓутоа, се надевам дека тој процес ќе биде забрзан затоа што Универзална сала, како што кажуваме од самиот почеток, и тоа како е потребна, рече Костадиновска-Стојчевска, која повтори дека по добивањето на сите релевантни наоди може да се продолжи со градење.ир/цр

 

Фото: Министерство за култура

 

Остани поврзан