• понеделник, 23 декември 2024

Косовските навивачи против заедничката кандидатура на Албанија и Србија

Косовските навивачи против заедничката кандидатура на Албанија и Србија

 

Приштина, 27 септември 2024 (МИА) – Официјалната фудбалска навивачка група на Косово „Дардани“ денеска се спротивстави на заедничката кандидатура на Србија и Албанија за организација на Европското првенство У21 во 2027 година.

Кандидатурата на Фудбалскиот сојуз на Албанија и Фудбалскиот сојуз на Србија е единствената која ги запази роковите на Европската фудбалска унија (УЕФА) и единствено останува одлуката да се официјализира.

Според косовските навивачи, „некој решил со две нозе да ги погази емоциите, крвта и свежите рани на Албанците од Дарданија (Косово).

„На косовските Албанци не им треба морално и емоционално понижување, туку помош и поддршка. Настанот ќе биде организиран, но срамот ќе живее вечно и нема да им се прости. Косово нема да прости“, стои во соопштението на навивачката група „Дардани“. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан