• среда, 27 ноември 2024

Косовска полиција: Сопругата на Милан Радоичиќ на распит во полициска станица во Северна Митровица

Косовска полиција: Сопругата на Милан Радоичиќ на распит во полициска станица во Северна Митровица

Приштина, 6 јуни 2024 (МИА) - Заменик-директорот на регионалната полиција на северно Косово, Ветон Елшани, потврди дека сопругата на Милан Радоичиќ е на распит во полициската станица во северниот дел на Митровица.

Тој за косовски медиуми изјави дека „госпоѓата (Ема) Радоичиќ дошла во полиција во придружба на нејзиниот адвокат“. Елшани одби да даде детали, пренесе Бета.

Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа, претходно ја презеде одговорноста за минатогодишниот вооружен конфликт во Бањска, на северот на Косово.

Тоа го направи преку изјава што неговиот адвокат ја прочита пред новинарите во Белград на крајот на септември лани. Во тој конфликт загинаа еден припадник на косовската полиција, еден Албанец и три лица од српска националност. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан