• среда, 25 декември 2024

Косовската влада им додели дополнителни 40 милиони евра на Безбедносните сили на Косово

Косовската влада им додели дополнителни 40 милиони евра на Безбедносните сили на Косово

Приштина, 13 декември 2023 (МИА) – Владата на Косово им додели дополнителни 40 милиони евра на Безбедносните сили на Косово (ФСК), со што годинешниот буџет за одбраната на земјата достигна до 200 милиони, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Владата, министерот за финансии, Хекуран Мурати информира дека овие средства за ФСК се дел од пријавените заштеди на буџетските организации, во висина од 54,3 милиони евра, средства кои ќе се распределат на проекти кои имаат позабрзана динамика.

Премиерот Албин Курти, нагласувајќи дека буџетот за ФСК со денешните средства достигнал вредност од два отсто од Бруто домашниот производ, рече дека и со ова Владата покажува дека е посветена на зачленувањето во НАТО.

- Меѓу другите одлуки денеска ја имаме и одлуката за доделување на дополнителниот буџет за Косовските безбедносни сили во износ од 40 милиони евра, а со ова издвојување вкупниот износ на буџетот наменет за одбраната годинава го надминува нивото од 200 милиони евра, или над два отсто од БДП, што е критериум за земјите-членки на НАТО. Достигнувањето на ова ниво за првпат во новата историја на нашата армија покажува колку владата е посветена на остварување на нашата заедничка цел да станеме членка на Партнерството за мир, кон членство во НАТО, рече Курти на почетокот на средбата.

Денешната одлука на Владата со објава на Фејсбук ја поздрави министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци.

– Со инвестирање во армијата, инвестираме во безбедноста на нашите граѓани и во заштитата на интегритетот на територијата на Република Косово, напиша Маќедонци.иа/сд/

Остани поврзан