• вторник, 24 декември 2024

Косовската влада бара мислење од Венецијанската комисија за надлежностите на претседателот во предлагање мандатар

Косовската влада бара мислење од Венецијанската комисија за надлежностите на претседателот во предлагање мандатар
Приштина, 2 мај 2020 (МИА) – Вршителот на должност премиер на Косово, Албин Курти, се обрати до Венецијанската комисија со барање за мислење во врска со надлежностите на претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, во распуштањето на Собранието и предлагањето мандатар за премиер, по изгласувањето недоверба на Владата, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот, во контекст на актуелната ситуација создадена во Косово со обидот да се формира нова влада од страна на постоечкиот собраниски состав, „мислењето на Венецијанската комисија ќе послужи за јакнење на деморкатијата и на уставното право“. - Исто така, една оценка на Комисијата би имала супстанцијално значење не само за Косово, туку исто така и во поопшта смисла и за уставната практика во сите земји членки на Комисијата, се вели во соопштението. Од кабинетот на Курти нагласуваат дека ова е првпат Косово да испрати барање за мислење во Венецијанската комисија во врска со односите на уставните институции и нивните надлежности. Уставниот суд на Косово вчера донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата по однос на декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за формирање нова влада на Косово на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти. На тој начин запреа активностите за формирање нова влада, откако на 25 март Собранието, на иницијатива на ЛДК, му изгласа недоверба на кабинетот на Курти. иа/гт/

Остани поврзан