Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“
- Косана Мазнева денеска е назначена за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.

Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Косана Мазнева денеска е назначена за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.
Како што информираа од Град Скопје, Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Северна Македонија. Високо образование има завршено на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а два мандата беше пратеник во Собранието. мд/цр