• вторник, 24 декември 2024

Корне: Новак секогаш прв застанува во одбрана на играчите, а никој од нас не застана за него

Корне: Новак секогаш прв застанува во одбрана на играчите, а никој од нас не застана за него
Париз, 16 јануари 2022 (МИА) - Французинката Ализе Корне ја коментираше судската одлука за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ. Србин ќе биде депортиран од Австралија. - Знам премалку за да судам за ситуацијата. Но, можам со сигурност да кажам дека Новак е секогаш прв кој се залага за играчите, а никој од нас не застана во негова одбрана на него. Држи се Новак. И не ме нарекувајте антиваксер, ве молам! Ви благодарам - напиша Корне на Твитер. Федералниот суд на Австралија утрово одлучи да го депортира светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и со тоа тој нема да може да игра на Грен слемот во Мелбурн. зс/

Остани поврзан