• сабота, 23 ноември 2024

Координирана акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје, утврдени неправилности во угостителски објекти

Координирана акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје, утврдени неправилности во угостителски објекти

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“ синоќа и претходната вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, спровеле акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје.

Во рамки на контролата, соопштија денеска од МВР, во еден угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле констатирани неправилности од страна на УЈП согласно Законот за регистрирање на готовинско плаќање, додека трудовата инспекција утврдила непријавени работници во објектот. За констатираните неправилности, ќе бидат изречени санкции. Во друг угостителски објект на подрачјето на Аеродром, се додава во соопштението, констатиран е прекршок во врска со присуство на малолетник по полноќ и ќе следува соодветна санкција.

- При контролата во угостителски објекти во Градскиот парк, во два од нив УЈП констатира неправилности од Закон за регистрирање на готовинско плаќање, недостатоци се утврдени и од страна на пазарната и трудовата инспекција, за кои се дадени соодветни задолженија за правните лица, информираа од денеска од МВР. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан