• среда, 25 декември 2024

Координативен состанок на Нуредини и Пендаровски за климатскиот самит во Глазгов

Координативен состанок на Нуредини и Пендаровски за климатскиот самит во Глазгов
Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Климатската акција и одржливиот развој на Република Северна Македонија беше темата на разговор на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини,  со претседателот  Стево Пендаровски, во пресрет на Конференцијата за клима #COP26 која ќе се одржи во ноември годинава. На координативната средба, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, биле дискутирани сите клучни предизвици од областа животна средина со кои се соочува МЖСПП и државата во целост, со посебен акцен на позициите на нашата држава што ќе ги презентира претседателот Пендаровски на климатскиот Лидерски самит во Глазгов, во рамките на COP26, каде ќе биде придружуван од ресорниот министер Нуредини. Република Северна Македонија, се вели во соопштението од МЖСП, се обврза на сериозна климатската заложба со ажурираниот Национално определен придонес кон Договорот од Париз, а истото беше потврдено и со штотуку усвоената Долгорочна Стратегија за климатска акција со акциски план, на предлог на Министерството. Министерот Нуредини, се вели во соопштението, го информираше претседателот Пендаровски за напредокот во исполнувањето на националната климатска агенда и ја истакна потребата за обезбедување на координацијата од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во спроведувањето на сите мерки и активности за митигација и адаптација кон климатските промени, но и планирањето на одржливи инвестиции, доколку сакаме да ги постигнеме поставените климатски цели и стандардите за животна средина. аа/лв/

Остани поврзан