• среда, 25 декември 2024

Кон: Здравствениот систем е под тензија

Кон: Здравствениот систем е под тензија
Белград, 14 јули 2020 (МИА) - Епидемиологот Предраг Кон вели дека здравствениот систем, поради големиот број пациенти заразени со Ковид-19, е под голема тензија, но дека сè уште е под контрола затоа што има место за лекување на секој пациент. Кон за ТВ Пинк изјави дека Србија е во неповолна ситуација, со тенденција да премине во вонредна состојба, притоа потсети дека во неколку градови веќе е прогласена вонредна состојба. - Сè што е потребно во моментот, се прави, а тоа е проширување на капацитетите. Се осигура дека системот функционира, тој моментно е под контрола, затоа што секој сè уште има свое место за лекување, секој може да биде примен, само треба многу трпеливост, рече Кон. Тој истакна дека е многу важно лицата постари од 65 години и хронично болните да носат маски. - Кога вирусот циркулира, единствениот правилен начин да се намали преносот е сите да носат маска. Ако само хроничните пациенти и оние над 65 години ја носат, тие само ќе се заштитат себеси - 30 отсто. Ако сите носат, тогаш има 99 отсто заштита, истакна Кон. паг/

Остани поврзан