Концерт со музика на Ана Пандевскa, во изведба на пијанистката Дуња Иванова
- Авторскиот концерт „Амбиенти“ ќе се одржи вечер, во 18 часот во Паркот на франкофонијата во општина Центар. Музиката е дело на композиторката Ана Пандевска, а изведбата ќе биде на пијанисткат

Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Авторскиот концерт „Амбиенти“ ќе се одржи вечер во 18 часот во Паркот на франкофонијата во општина Центар. Музиката е дело на композиторката Ана Пандевска, а изведбата ќе биде на пијанистката Дуња Иванова.
На програмата ќе се изведат електроакустичните композиции за пијано „Пејзажни атмосфери“, „Квази бурлеска“ и „Свита за Скопје“.
Музиката е пишувана во периодот од 2015 – 2019 година, а проектот се реализира со поддршка на општина Центар. мд/лв/
