• вторник, 24 декември 2024

Концерт „Скопје виа Созопол“ на Брасстет Скопје, во рамки на Меѓународниот Франкофонски Фестивал Солеј

Концерт „Скопје виа Созопол“ на Брасстет Скопје, во рамки на Меѓународниот Франкофонски Фестивал Солеј
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) -  Во Амфитеатарот, стар град Созопол, денеска во рамки на Меѓународниот Франкофонски Фестивал Солеј ќе се одржи концерт „Скопје виа Созопол“ на Брасстет Скопје, информира КИЦ на РС Македонија во Софија. На програмата ќе бидат застапени дела од Нино Рота, Карлос Гардел, Анхел Виљолдо, Сони Компанек, М. Родригес, Астор Пијацола, Освалдо Фарес, Консуело Веласкез, Луис Бонфо. Брасстет Скопје е составен од одлични музичари кои претежно свират музика прилагодена за брас квинтет со додадени ударни инструменти. Тенденцијата е да се „избегне“ стереотипна програма за ваков состав и да се доближи популарната музика вклучувајќи и филмска музика и популарната класика до публиката. Нивниот прв концерт се случи на почетокот на летото на фестивалот Скопско Лето 2019 - Концерт на плоштадот Јадран. Како приоритетна програма се издвојуваат популарната класика, компилации од филмска музика, евергрин теми и поп теми од повеќе жанрови.свс/

Остани поврзан