• вторник, 24 декември 2024

Концерт на триото „Балкан Ашк“ вечер во Музејот на македонската борба

Концерт на триото „Балкан Ашк“ вечер во Музејот на македонската борба

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер концерт ќе одржи триото „Балкан Ашк“. 

Триото ќе настапи во состав на диригентот на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, Ерхан Шукри - виолина, соло харфист во НУ Филхармонија, Мерсиха Шукри - харфа и надворешен соработник на оркестарот во Филхармонија, Енис Аљи – виолончело.

Триото е формирано во 2021 година, има одржано неколку концерти и остварено гостување во Истанбул, Турција и Рим, Италија.

Концертот е организиран од новоформираната НУ Центар за култура на турската заедница во земјава, а поддржан од Министерството за култура во Националната програма за 2024 година.бт/лв/

Фото: плакат

Остани поврзан