• петок, 19 јули 2024

Концерт на Тони Китановски во Куршумли Ан

Концерт на Тони Китановски во Куршумли Ан

Скопје, 15 август 2021 (МИА) - Во Куршумли Ан вечер со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт џез гитаристот Тони Китановски  заедно со  музичарите Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов.

Концертот на Тони Китановски е во рамки на проектот „Музиката зборува на сите јазици - 30 години мултикултура“, а по повод прославата на 30-годишнината од македонската независност, поддржани од Владата на Република Северна Македонија преку јавниот повик за финансиска поддршка за организација на настани по повод 30 години од државноста.

Организаторите информираат дека овој концерт ќе биде фузија на world музика со jazz елементи, изведена од врвни мајстори на музичката сцена.

Организаторите Баги Комуникации најавуваат дека на концертот ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за безбедност на публиката и заради тоа билетите се во ограничен број. Овој концерт е всушност последниот пред стапување во сила на уредбата со која за влез на настани ќе биде потребно приложување на потврда за Ковид-вакцинација.фф/лв/

Остани поврзан