• четврток, 26 декември 2024

Концерт на македонската џез-група „Сетстат“ во Софија

Концерт на македонската џез-група „Сетстат“ во Софија
Софија, 21 април 2022 (МИА) - Во Националната палата на култура во клубот „Софија лајв клуб“ во Софија синоќа концерт одржа македонска џез-група „Сетстат“, на кој беа промовирани песните што ќе бидат дел од нивниот нов 11-ти албум. Концертот се одржа во рамките на фестивалот „Аларм панк џез“ на Бугарското национално радио, кој е посветен на размената и зближувањето меѓу џез-групите од Бугарија и Северна Македонија. Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија е традиционален партнер, јави дописникот на МИА. Џез-групата е составена од музичарите Владан Дробицки - тромбон, Васко Бојаџиски - тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев - клавијатури, Павел Дробицки - бас и Гоце Наумов - тапани. Владан Дробицки за МИА во Софија изјави дека песните од нивниот нов албум сè уште не се насловени, но тој и неговите колеги од бендот се среќни што оставиле толку добар впечаток во Бугарија. Публиката во Софија беше импресионирана од песните „Пента“, „Африка“ и „Браун шеќер“. По концертот, џез-групата изведе уште четири песни. нк/бт/

Остани поврзан