Концерт на Елена Голомеова и Нита Груби на 45. „Скопско лето“

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечер ќе се одржи концерт на Елена Голомеова - сопран и Нита Груби - пијано.
Како што информира Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, на концертот ќе бидат изведени повеќе дела, меѓу кои: Сцена на Џилда од Операта „Риголето“, Сцена на Жанет од Операта „Свадбата на Жанет“...
Концертот ќе се одржи во Културно-информативниот центар во Скопје, во Салон 19:19. Билетите се во продажба на karti.com.mk. мд/дма/
Фото: Дирекција за култура и уметност - Скопје