Концерт на дувачкиот квинтет Phil-Harmonic
- Во рамки на втората сезона од 46. Денови на македонска музика 2023, кои ги организира Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), вечер од 20 часот во Филхармонија концерт ќе одржи дувачкиот квинтет Phil-Harmonic.
Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Во рамки на втората сезона од 46. Денови на македонска музика 2023, кои ги организира Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), вечер од 20 часот во Филхармонија концерт ќе одржи дувачкиот квинтет Phil-Harmonic.
Квинтетот го сочинуваат: Елена Дојчинова - флејта, Владимир Лазаревски - обоа, Здравко Ангелов - кларинет, Горан Јанев - хорна и Ванчо Стојановски - фагот.
На програмата се делата: „Четири епизоди“ од Драгослав Ортаков, „Црно сонце“ (според стихови на Ацо Шопов) од Валентина Велковска-Трајановска, „М..С..А“ од Стојан Стојков, Дувачки квинтет на македонски револуционерни песни од Љубормир Браноѓолица и „Хумореска“ од Александар Џамбазов.
Влезот на концертот е слободен за посетителите. хс/нд/
Фото: СОКОМ